„Немам проблем со прашањата за посвојувањето. Мислам дека посвоителите треба да му кажат на детето што е можно порано, бидејќи тогаш се воспоставува врската на блискост и искреност помеѓу детето и родителите, вели Петра Дивац, посвоената ќерка на познатиот кошаркар Владе Дивац во емисијата на ТВ К1, пренесе Мондо.рс. Ќерката на славниот кошаркар го опиша моментот кога од родителите дознала дека е посвоена.
„Јас сум била посвоена кога имав шест месеци, набрзо потоа со мајка ми заминавме за Америка, додека татко ми играше, а моите браќа беа во Америка. Дознав кога имав три или четири години, бев многу мала. Една жена во паркот доеше дете и ја прашав мајка ми што прави, бидејќи никогаш не сум го видела тоа, ме интересираше, бидејќи секогаш пиев млеко од шише. Тогаш мајка ми ми кажа дека сум посвоена и ми објасни, според мојата возраст, што всушност значи тоа. Јас пораснав со тие информации и затоа одблиску ги прифатив. Тоа е факт од мојот живот и не можам да го променам. “, вели ќерката на Дивац и додава дека родителите треба што поскоро да го известат детето дека е посвоено.
Иако била посвоена на шест месеци, откако дознала дека Ана и Владе Дивац не и се биолошки родители, Петра вели дека во тинејџерските години поминала низ период кога постојано си поставувала прашања.
„Посвоените деца, околу 14 или 15 години, имаат многу прашања. Еден ден се разбудив и почнав да размислувам за тоа која сум. Знам дека сум посвоена, дека имам мајка, татко, браќа. Тоа го споделив со татко ми и мајка ми и тие со задоволство прифатија заедно да ги бараме моите биолошки родители.Ова е исто така многу важно, доколку детето сака да ги бара своите родители , тоа е негово полно право.Родителите и семејството треба да бидат потпора, карпа.Се мислев дали личам на некого или личам на моите посвоители бидејќи јас и Матија многу личиме. Дали има нешто што треба да знам, како на пример медицинска историја, дали делам ДНК со некој покрај кого поминувам на улица, не знам “, вели Петра и додава дека во еден момент го прекинала своето истражување.
Таа раскажа и како нејзините другарчиња се однесувале со неа на учичиште:
„На училиште ме задеваа дека сум црната овца во семејството, дека сум поинаква од моите браќа и дека секогаш ќе бидам и дека цел живот ќе ме етикетираат како посвоена. Тогаш помислив дека ме посвоиле за нивниот сопствен публицитет и дека добро изгледа во весникот“, вели Петра и додава дека често плачела во пубертетот поради зборовите на нејзините пријатели.