Апасиев: Уште недојдени на власт, почнуваат со аздисот – ДПМНЕ фатени на дело со спуштени гаќи

Вмроидите од ДПМНЕ фатени на дело, со спуштени гаќи. Со месеци местеле анкети во нивна корист и во корист на ЗНАМ (за да ја маргинализираат Левица), преку институтит на нивниот слуга Влајко. И тоа на Јавен радиодифузен сервис – МТВ! Ама АВМУ моментално не е од оваа планета, зафатена е со кратење на парите на Левица за политичко рекламирање, реагира на Фејсбук лидерот на Левица Димитар Апасиев.

„Е ова е ДПМНЕ. Уште недојдени на власт, почнуваат со аздисот. Затоа, не им дозволувајте да ве заведат по којзнае кој пат. Памет у глава и не им давајте повеќе од 50 мандати, оти ќе ви се серат на глава“, порача Апасиев.