Османи е една од големите грешки на СДСМ – како тоа сам си решил да не оди на Отворен Балкан?!, реагира професорката Најчевска

Министеорт за надворешни работи Бујар Османи, вчера на прес-конференција ги коментираше односите во „Отворен Балкан“, за кои кажа дека се нарушени после случувањата во Бањска и дека ако се покаже дека и Белград има вмешаност, тогаш соработката меѓу земјите е невозможна.

На оваа негова изјава реагира професорката Мирјана Најчевска, која вели дека Османи сам не смее да си носи одлуки.

„Како тоа Османи сам си решил да не присуствува на средби на структура во која решила Македонија да учествува? Како тоа сам си решава со кого ќе соработуваме, а со кого не?

Advertisements

Османи е една од големите грешки на СДСМ. Дали е меѓу грешките кои ги препознаваат?“, реагира Најчевска.

А еве што изјави Османи претходно.

„На Отворен Балкан не сме присуствувале после Бањска. Рековме тогаш ако се потврди дека Белград има вмешаност, тогаш соработката е невозможна. Тоа беше еден почеток на Србија и Косово да воспостават односи. Секоја држава ја истакнуваше економската соработка, мобилноста на граѓаните, помирувањето. Ние како политичка партија гледавме можност за помирување, затоа што тоа беше идејата на премиерот Еди Рама на почетокот, но Бањска ги поремети тие односи, и затоа јас не сум присуствувал и нема да присуствувам на тие средби. Ова е мој став“, изјави Османи.