(ВИДЕО) Граѓаните се незадоволни од оваа поткуплива власт, затоа на 24 ќе гласаат за професорката Гордана Силјановска Давкова

Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 денеска го посети градскиот пазар во Гостивар од каде што пренесе дека и пазарџиите и купувачите искажуваат големо незадоволство од власта на СДСМ и ДУИ.

„Денес сум во Гостивар и денот го започнавме од градскиот пазар бидејќи вторник е пазарен ден во Гостивар. Интересно е тоа што и луѓето кои продаваат, но и оние кои купуваат се незадоволни. Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, а другите затоа што ги купуваат по прескапи цени и едните и другите се незадоволни од оваа власт затоа што велат дека ова се должи токму на оваа поткуплива и незаинтересирана власт за граѓаните.

Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2 бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите и таа ќе биде од страната на народот, а не од страната на елитите кои не доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани“, порача Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Advertisements