Карапејовски од ЗНАМ му објасни на Маричиќ зошто не може да соработуваат со СДСМ

Денеска на Бојан Маричиќ од СДСМ му ја дадов изборната програма Манифест за Македонија на нашиот претседателски кандидат Максим Димитриевски, објави Бобан Карапејовски, носител на ИЕ 1 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија на неговиот фејсбук профил.

– Денешната кратка случајна средба ја искористив за да го реафирмирам ставот искажан од претседателот на Движењето ЗНАМ дека, за жал, и покрај тоа што СДСМ има прекрасни членови и симпатизери, со ова раководство нема да можеме да соработуваме и да коалицираме. Жалам што во кампањата терминот „европски” се злоупотребува и се монополизира. Нашите црвени линии за промената на Уставот, македонскиот народ, јазик, историја и култура се основниот услов за соработка со која и да е политичка партија по изборите, напиша Карапејовски, носител на ИЕ 1 од „ЗНАМ-За наша Македонија“.