(ВИДЕО) „За општината Берово ќе обезбедиме 5,5 милиони евра помош“ – Ковачки најави 800 милиони евра субвенции и реконструкција на патишта

Драган Ковачки, носител на листа во втората изборна единица од Берово порача дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да обезбеди 800 милиони евра директна помош за земјоделците.
„800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово. Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај. Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево. На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија“, порача Ковачки.