„Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу“ порача Силјановска Давкова

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други што ги удриле темелите на македонската држава, порача на социјалните мрежи професорката Гордана Силјановска Давкова, која денеска се поклони на грбот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Денот на смртта на Делчев нè потсетува колкава е жртвата на нашите предци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава. Истовремено, овој ден паметник е можност да им оставиме аманет на идните генерации да ја продолжат борбата за македонска држава која никогаш не запира. Македонија е како куќа, ако не ја одржувате таа ќе се руинира, затоа треба да ги поправаме или да ги менуваме расипаните делови за, куќата наречена Македонија, да биде функционална и удобна за сите.

Немаме против и други да го слават Гоце Делчев затоа што тој бил човек кој има вредност за сите луѓе и кои се почитуваат себеси, своите идеали и, во случајот со Гоце, својот македонски народ. Она што очекуваме од сите што го слават, е да го прифатат фактот што неговиот сон – да биде закопан во независна македонска држава, е остварен со помош на бугарската држава која во 1946 година доброволно помогна да се пренесат посмртните останки на Гоце во неговиот вечен дом овде, во дворот на Свети Спас“, потсети Силјановска Давкова.

Advertisements