Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Тој бил уапсен во моментот кога примил 10.000 евра, а осомничен е дека се нафатил да олесни судска постапка на обвинет функционер.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.
Advertisements
Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.
Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„Денешните средби го потврдуваат нашето стратешко сојузништво“ - Мицкоски на средба со Орб...
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија
„На Македонија ѝ се забрани правото на самоопределување“ - Силјановска Давкова во ОН потсе...
Филипче: Раздвојувањето на С.Македонија и Албанија ја убива надежта дека нашата држава мож...
Генералниот секретаријат на Владата на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра на сомнителен на...