Гордо ги бранеше боите на својата земја – почина младиот голман Матија Шаркиќ

Голманот на црногорската фудбалска репрезентација Матија Шаркиќ почина ненадејно денеска рано наутро на 26-годишна возраст.

Безживотното тело на Шаркиќ е пронајдено во апартман во Будва каде што престојувал.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, на голманот на црногорската фудбалска репрезентација ненадејно му се слошило изутрината околу 6 часот и 30 минути и неговите пријатели веднаш повикале брза помош, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Advertisements

Медиумите наведуваат дека полицијата ги истражува сите околности, но оти најверојатно станува збор за природна смрт.

Шаркиќ пред две недели ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на пријателскиот натпревар против Белгија.

Матија Шаркиќ изминатата сезона беше член на англиски Милвол, а претходно настапуваше за Астон Вила и Вулверхемптон