Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот. ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг, најави пратеничката Марија Митева.
„Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година“, вели Митева.
Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат.