Сиљановска Давкова ќе оди на македонската изведба на Набуко“ во Софија, се очекува и средба со Радев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе оди во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на македонската Националната опера и балет која гостува во Бугарија.

Како што јави БГНЕС, според неофицијални информации, во Софија ќе се одржи и првата средба на Сиљановска Давкова со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Advertisements

Според бугарскиот медиум, во македонската делегација ќе биде и министерот за култура Зоран Љутков, а се уште не е потврдено доаѓањето и на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Медиумот потсетува дека откако стапи на должност, Сиљановска Давкова присуствуваше на операта „Валкира“ во Скопје, во изведба на Бугарската опера.