Синот на Фрчкоски на местото на Стефан Богоев во Центарот за истражување и анализи на СДСМ

На седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, доцна попладнево за нов директор на партискиот Центар за истражување и анализа (ЦИА), избран е Јон Фрчкоски, синот на актуелниот амбасадор на земјава во ООН во оставка, Љубомир Фрчкоски.

Седницата на Централниот одбор се одржала онлајн, без физичко присуство на членовите на партиското тело, јавува „Слободен печат“ повикувајќи се на извори од СДСМ.

Функцијата директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ досега ја извршуваше Стефан Богоев.

Advertisements