Анкета на ИРИ: Груевски е најпопуларен политичар во Македонија

Во последната анкета која ја објави Меѓународниот републикански институт – ИРИ, како најспосакувана или најпопуларна политичка личност од испитаниците е наведен некогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски со 7 отсто од анкетираните,  што е раст за 4 отсто за период од една година.

По него следуваат претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети со по 6 отсто, што е за еден отсто повеќе од актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.