Младата пејачка Мими Јовановска освојува со својата најнова песна „Приказна за нас“ која ја објави на Јутјуб деновиве и има над 50.000 прегледи.
И секако тука се и многу комплименти за чистиот, нежен глас на пејачката која имаше и преубави настапи на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Еве што коментираат фановите на Мими:
„Загарантирана прва песна за танц на младоженците на свадба“
„Браво бе дете. Убава песна, убав спот, убав глас и преубава пејачка.“
„Неверојатно , колку ме потсетува на Тоше , можеби е ова нашиот женски Тоше. Со пристапот кон песната , со душата што и ја дава на текстот, мелодичноста. Браво девојче , да си жива и здрава.“
И така се нижат коментари на поддршка и восхит.