Асад со семејството е во Москва, Русија му даде азил на соборениот сириски претседател

Русија му даде азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и на неговото семејство, пренесе руската државна новинска агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извор во Кремљ.

Како што наведува агенцијата, Асад и неговото семејство веќе пристигнале во Москва.

„Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва. Русија им даде азил од хуманитарни причини“, истакна изворот.

Advertisements