Полициски службеници утринава направиле претрес во повеќе домови, поради постоење сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија, дознава НетПрес од извори во истрагата.
Како што објави порталот, полициски сили упаднале во домот на Артан Груби, но тој не бил најден таму.
Истото се случило и кога полицијата извршила претрес во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами. И тој не бил дома.
Македонските истражните органи се сомневаат дека тој уште пред неколку месеци избегал во Косово. Имало ветување од блиски луѓе на Бајрами дека ќе се врати, но сепак органите на прогонот во Македонија најверојатно ќе изадат потерници и за него и за Артан Груби.
Инаку, во претресот во домот на Бајрами полицијата нашла и запленила околу 50.000 швајцарски франци готовина.
Поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами уште лани беше обвинет од тогашната опозиција дека изнајмувал локал за 21.000 евра месечно од фирма чиј сопственик е член на Управниот одбор на Лотарија, Шабан Азмовски Хамза и тоа со договор на 10 години. За лани Лотарија имала предвидено над 970.000 евра за наем и реконструкција на деловен простор, всушност за истиот локал, откри Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
И Бајрами и Хамза биле дел од кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем.
Шабан Хамза, всушност отворил портал ХЕЈ.МК каде главен клиент бил Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, инаку уште еден вработен во министерството на Артан Груби, со задолженија за рекламирање на ДУИ, објави ВМРО-ДПМНЕ.