„МВР за 24 часа сработи повеќе отколку СДС и ДУИ за 7 години“ – ВМРО-ДПМНЕ ја повика опозицијата да не манипулира со јавноста

Ана Чупеска потпретседателката на СДС да се соземе и наместо политикантство, празни зборови и теории да ги симне розевите очила и да ја погледне реалноста. Чупеска и СДС да се разбудат и да почнат да се консолидираат, за да не се чудат на прашањата зошто би ги изгубиле локалните избори, порача ВМРО-ДПМНЕ откако беа упатени обвинувања кон партијата дека помогнале да избега Груби на Косово.

„Чупеска и СДС да не ја манипулираат јавноста со евтини трикови од типот на „имаме сомнежи за бегството на Груби“ туку да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби.

Чупеска не го осуди и не го повика Груби да се врати за да се соочи со правдата.

Advertisements

Чупеска наместо да прашува новинари дали се од обвинителство да каже зошто СДС не го повика Груби да се врати и да го осуди неговото бегство.

Чупеска, СДС и ДУИ немаат право да зборуваат за безбедноста затоа што 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди.

Улиците низ Скопје во време на СДС, ДУИ и Оливер Спасовски беа како дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден.

Со СДС и ДУИ денот почнуваше со скандал и криминал, владата предводена од ВМРО ДПМНЕ е посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, и достоинството на граѓаните.

МВР за 24 часа покажа дека работи повеќе отколку СДС и ДУИ за 7 години.

Доказ за тоа се 3-те обемни акции, сузбивањето на 18 члена криминална група за трговија и оружје, уапсени лица за тероризам, кривични пријави, претреси за повеќе кривични дела.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одговара на сите безбедносни ризици и најави бескрупулозна борба со криминалот и корупцијата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ демонстрира одговорност и посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, мирот, и достоинството на граѓаните“, порача ВМРО-ДПМНЕ.