„Тој е ладнокрвен убиец ја оставил да умре и заминал на комар“ – таткото на убиената девојка бара доживотен затвор

Од затворот во Куманово каде што ја издржува мерката притвор, убиецот на 29 годишната штипјанка Емилија Пешева,беше спроведен во Основниот суд во Штип, каде му се суди за грозоморното убиство на неговата партнерка. 25 годишниот Фадил Зејнелов, призна дека до смрт ја задавил младата девојка со која има и малолетен син. Родителите на Пешева бараат доживотна казна затвор, пишува Вечер.

-Очекувам судот да му пресуди на монструмот што ни ја отепа ќерката доживотен затвор.Тој не се кае, измислува, тој е ладнокрвен убиец, вистината е дека ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар. Ја користеше и ги коцкаше парите. Ни остави дете сираче, не оди на школо си ја бара мајката, не може да се навикне без неа, знае дека е убиена. Ја нема Емилија, болката не можам да ја опишам, само ако му дадат доживотно ќе се смирам, во болка изјави таткото на убиената девојка, Слободан Пешев.

Семејството беше во судницата додека обвинителката го читаше обвинението. На убиството му претходела расправија помеѓу Емилија и Фадил бидејќи таа сакала да го остави. Полицијата, штипското Обвинителство и Центарот за социјални работи знаеле дека таа била жртва на семејно насилство бидејќи иако пријавувала, сепак се откажувала да го гони поради стравот од насилството.Само неколку дена пред да ја задави Фадил до смрт, Емилија требало да однесе во Обвинителството лекарско за повредите од ќотек, но не се појавила на договореното.

Advertisements

Целиот напис може да го прочитате на следниов ЛИНК.