(ВИДЕО) Мицкоски во Вашингтон: Стојте подалеку од криминал и корупција!

На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди, информира премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи за посетата на Вашингтон каде имаше обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.

„Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци.

Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале.

Постои извештај за евалуација подготвен од експерти на ЕУ кој содржи сè. Сè што треба да направиме е да го примениме, и второ, да осигураме дека самите остануваме надвор од корупција.

На пример, нашата влада е на власт речиси осум месеци, а досега нема ниту една пријава за криминал или корупција – што е реткост на Балканот. Дополнително, пред четири години ги освоивме локалните избори со убедлива победа, што беше од големо значење за нас. Нашите градоначалници сега ја водат својата четврта година од мандатот, и во целиот овој период, нема ниту една пријава за криминал или корупција против нив.

Со личен пример, испраќаме јасна порака: Стојте подалеку од криминал и корупција, рече Мицкоски ви своето обраќање.

Во интервјуто тој зборуваше за односите со Грција, со Бугарија и нашето членство во ЕУ.