Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека химната на државата не треба да се менува и посочи дека таа, знамето и грбот во некои држави се опишани во Уставот. Но, предупредува дека кога секогаш почнуваме да разговараме за етнички прашања и симболи, не ни останува време за соочување со вистинските дилеми.
– Мојата дилема е следнава, дека секогаш кога почнуваме да разговараме за вакви прашања, етнички прашања, симболи итн. со таква страст тоа го правиме што не ни останува време за соочување со вистинските дилеми. Ако денеска зборуваме за драматични промени треба ние да се адаптираме на драматичните промени. Тоа мислам се плашам да не влеземе во нови страсни конфликти, а симболите би требало да обединуваат, не да разидинуваат. Тоа е мојот скромен став, рече претседателката која беше во посета на Македонската академија на науките и уметностите.
Според неа, нема потреба за промена на химната.
-Прво, ако ме прашувате за химната апсолутно мислам дека нема потреба од промена на химната. Химната никогаш не одразува сегашност, секогаш одразува историска меморија, генеза. И ние немаме право, замислете јас не сум чула да менуваат луѓе дури и, ако се сеќавате, во рамките на ЕУ, во обидот да се донесе Уставот во 2005 на ЕУ, беше предвидена химна. Не дојде до тоа. Значи целата историја сите народи низ историјата креирале песни или химни коишто се најважниот државен симбол впрочем и затоа незнам колку знаете, текстовите на химните во најголемиот број држави се во Уставот, рече претседателката.
Сиљановска Давкова наведе и дека и знамето и грбот се опишани во Уставот.
-Понатаму описот на знамето во најголемиот број држави и во регионот е во Уставот. Грбот е опишан во Уставот. Кога се работи за грбот прво точно е дека тој има симболи коишто укажуваат повеќе на географијата одошто на нешто што можеби било белег низ историјата. Имам само една дилема јас околу моментот на отворањето на прашањето итн. не негирам дека низ историјата на присутниот сибмол бил лавот црвениот тој на златната основа, не го негирам, тоа го кажуваа и во Собрание тогаш, рече претседателката.