Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни ( над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60км/ч).
Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и во четврток претпладне.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).
Во Скопје, променливо облачно и топло со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер, особено во ноќта кон четврток.
Нови врнежи од дожд ќе има во недела и понеделник.