МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент, во врска со трагедијата во Кочани, има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој кривично-правен настан се починати, дел се во болница, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Четири осомничени лица се во болница. Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџира дискотеката. Дел од приведените лица кои моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина, согласно доказите кои ги имаме досега. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина, рече Тошковски.
Приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во Мнистерство за економија, приведен е и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата.
„Сакам да и напоменам на македонската јавност, за разлика од претходно, во овој случај имаат име и презиме оние кои се одговорни за издавање на лиценцата и ќе одговараат. Досега се утврдени повеке од 20 повредени малолетни лица и три починати малолетни лица. Во дискотеката имало околу 500-тина лица. Некаде околу 250 карти се продадени согласни информациите. Имињата на починатите, по завршувањето ке бидат доставени до семејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени од лице место. Во критична сосотјба имаме 22 лица и дел од овие лица ке бидат пренесиени во Турција, Бугарија, Грција и истите ќе им биде даден соодветен третман за лекување. Денес Македонија плаче, ама одговорност ќе има. За секој еден од корумпираните, неодговорните и секој еден којшто има директно или посредно влијание за настанување на овој кривично правен настан. Овие информации се за досега утврдената ситација согласно доказите“, рече Панче Тошковски на прес конференцијата.