Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека е на пат за САД каде ќе разговара за украинската одбрана, а Белата куќа потврди дека ќе биде примен од претседателот Џо Бајден, а потоа ќе се обрати во Конгресот.
„На пат сум кон САД за да го зајакнам отпорот и одбранбените капацитети на Украина“, напиша тој на „Твитер“.
„Ќе одржам говор во Конгресот и серија билатерални средби“, најави тој на својот твитер профил.
On my way to the US to strengthen resilience and defense capabilities of ??. In particular, @POTUS and I will discuss cooperation between ?? and ??. I will also have a speech at the Congress and a number of bilateral meetings.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 21, 2022
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави дека Џо Бајден го поканил својот украински колега во Вашингтон како би нагласил дека Белата куќа ќе и помага на Украина се додека е потребно.
„Посетата ќе ја нагласи цврстата посветеност на Соединетите држави да и помогнат на Украина доколку е потребно, вклучително и економска, хуманитарна и воена помош“, рече таа.
Висок американски функционер рече дека Бајден ќе објави нов пакет со оружје во вредност од речиси 2 милијарди долари, кој вклучува ракети Патриот за да му помогне на Киев да се одбрани од тековните руски ракетни напади.
Американските пратеници се подготвуваат да гласаат за финансиски пакет од речиси 45 милијарди итна помош за Украина и сојузниците во НАТО.