Нашата фудбалска легенда Горан Пандев нè бодри – Треба да веруваме во себе и да се избориме за Светско првенство

Аргентина најверојатно е сè уште во славенички транс по победата на Светското фудбалско првенство во Катар, во медиумите и на социјалните мрежи се прави рекапитулација на големиот фудбалски натпревар, па во тој контекст и македонската фудбалска легенда Горан Пандев во спортската емисија „Тоа е фудбаалот со Златко Калински“ порача дека македонската фудбалска репрезентација треба да се бори, макотрпно да работи и да влезе во трката на светските фудбалски напревари.

„Жалам, затоа што во групата ја победивме Германија, во баражот ја победивме Италија, една репрезентација, како една мала држава како што е Македонија. Една млада репрезентација, составена од млади играчи, со 3-4 поискусни. Жално беше што Македонија не отиде на Светското првенство. После победите против Германија и Италија, не се пласиравме, но не треба овде да застанаме. Треба да веруваме во себе и со макотрпна работа треба да се избориме да учествуваме на едно Светско првенство. Бидејќи видовме што значи Светското првенство за сите репрезентации што беа учесници и за сите навивачи“, изјави Пандев во емисијата „Тоа е фудбалот со Златко Калински“.