Менаџмент консалтингот има свој роденден. МКА 2000 – единствената независна асоцијација за менаџмент консалтинг во земјава – годинава одбележува 25 години постоење и успех.
По тој повод, на 30 мај 2025 година, со почеток од 09:00 часот, во хотел „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи голема регионална тркалезна маса со наслов „Менаџмент Консалтинг – Вчера. Денес. Утре.“ Настанот се организира во партнерство со Министерството за јавна администрација и ќе ги обедини претсавниците од консалтинг индустријата, јавниот сектор и бизнис заедницата.
МКА 2000 е професионална, независна и непрофитна организација која веќе четврт век работи на промовирање на највисоки стандарди во менаџмент консалтингот. Оваа тркалезна маса е шанса да се слушнат искуства од минатото, актуелните трендови и визиите за иднината на оваа клучна професија во развојот на модерното општество.
Регистрацијата за учество е бесплатна и е веќе отворена: Пријавете се ОВДЕ.