Сашо Мијалков го нема, одложено рочиштето за „Титаник 2“

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој не бил спроведен од затворот во Струга, каде одлежува затворска казна за случајот „Империја“, објави „Фокус“.

Сашо Мијалков во овој предмет е обвинет за изборни нерегуларности направени од позиција на директор на УБК за време на локалните избори во 2013 година. Според обвинителниот акт, тој го искористил своето реално влијание и телефонски побарал од Мендух Тачи да влијае врз членот од неговата партија во ДИК да гласа за носење на одлука во полза на партијата ВМРО-ДПМНЕ, по приговор за гласањето на избирачкото место во Струмица, со што кандидатот Васил Пишев се стекнал со противзаконито право за натамошно учество на изборите.

Во предметот, обвинети се и лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи, како и неколку членови на Државната изборна комисија, кои беа првостепено осудени на затворски казни.

Advertisements

(Фото: МИА)