Петрушевски: Дојде време за одговорност, Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска излезе со став по веста за апсењето на Артан Груби на граничниот премин Блаце, нагласувајќи дека по година и пол бегство, правдата конечно го добива своето место.

Според Петрушевски, Груби важи за олицетворение на криминалот и корупцијата од времето на претходната власт. Тој потсети дека штетата направена врз буџетот се проценува на минимум 8 милиони евра, со индиции дека сумата е далеку поголема.

„Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и секој кој се огрешил пред законот ќе се соочи со правдата“, порача Петрушевски.