СДСМ го исклучува од членство Петре Шилегов

На вечерашниот извршен одбор на СДСМ е донесена и иницирана одлука за исклучување на Петре Шилегов од членство на партијата.

Според партијата Шилегов е уценет и одработува за ВМРО, па во однос на тоа се носи и одлуката.

„Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре“, стои во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат дека сега на сите им е јасно дека станува збор за наводна платформа за рушење на партијата СДСМ од страна на ВМРО.