На 32 години почина Никола Зисов: Колегите и пријателите се простуваат

Тажна вест споделија од општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

Оттаму пишуваат дека со длабока тага ја примиле веста за прераната смрт на нивниот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов.

„Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината. Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите спомени“, пишува во објавата.

„Беше повеќе од соработник, беше вистински пријател, другар и човек на кој секогаш можеше да се потпреш. Неговата насмевка, енергија и искреност ќе ни недостасуваат на сите. На само 32 години, животот прерано го одзеде од нас, оставајќи огромна празнина која тешко ќе се пополни. Никола, ќе ни недостигаш неизмерно. Твојот лик и дело ќе живеат вечно во нашите срца. Сочувство до семејството, роднините и сите кои го познаваа“, е наведено во објавата.