МВР: Андреј Куцуловски e приведен затоа што на натпревар меѓу Македонија и Израел истакнал знаме на Палестина

Министерството за внатрешни работи(МВР) излезе со официјални детали за приведувањето на Андреј Куцуловски на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел во СЦ „Јане Сандански“, потврдувајќи дека станува збор за прекршок.

„Денеска во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во СЦ „Јане Сандански“, каде се одржувал финалниот натпревар од Светско училишно првенство во ракомет помеѓу Р.С.Македонија и Израел, А.К.(28) истакнал знаме од Палестина. Лицето е приведено во Полициска станица за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Претходно, од Левица соопштија дека нивниот член бил оттурнат и приведен без образложение.