Исплатата на пензиите за месец април 2026 година започна денеска, 29 април, а средствата веќе се достапни на сметките на пензионерите во повеќе банки низ државата.
Алта банка АД Битола информираше дека исплатата се реализира согласно вообичаената банкарска процедура и средствата се достапни на платежните сметки на корисниците.
Од Халкбанк АД Скопје соопштија дека пензиите се достапни во сите филијали, на банкоматите, како и преку електронско и мобилно банкарство. Пензионерите кои дале согласност, средствата можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Информација за исплатата објави и Силк роуд банка, од каде посочија дека пензиите се исплатени и достапни за подигнување во експозитурите, на банкоматите, преку електронско и мобилно банкарство, како и за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Банките им порачаа на пензионерите дека средствата се навремено достапни и им се заблагодарија за довербата.


