Skip to content

Синдикатот пресмета: Минималната плата во моментот би требало да изнесува 20.107 денари

Трошоците за живот и порастот на просечната плата согласно последните податоци изнесуваат вкупно 24,6 отсто, кои според Законот за минимална плата во новата пресметка се земаат 50 проценти од тоа или 12,3 отсто, па доколку во моментот би се зголемувала минималната плата, според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), таа би изнесувала 20.107 денари.

„Усогласување на минималната плата според Законот за минимална плата од оваа година се врши од 50 отсто од порастот на просечната плата која според нашите пресметки од јануари до ноември е зголемена за 10,3 проценти, па 50 отсто од порастот на просечната плата изнесува 5,15 проценти, како и 50 отсто на пораст на трошоци на живот кои спред последна објавена информација од НБРМ до минатиот месец изнесува 14,3 проценти или 50 отсто од порастот на трошоците за живот изнесуваат 7,15 проценти. Податоците се преземени од Државниот завод за статистика и НБРМ“,  информираат од ССМ.

Според ССМ, во бруто плата од 26 422 денари плус 3 250 денари минималната бруто плата од март наредната година ќе изнесува 29 672денари или во нето плата 18.000 денари плус 2.107 денари, би се дошло до сума за минималната плата од 20.107 денари.

Advertisements

ССМ посочува дека преку работничка борба и притисок, преку протести и социјален дијалог, иако сите беа против, обезбедил зголемување на минималната плата од 15.196 денари на 18.000 денари, како и нов законски модел на пресметка на истата во корист на работниците, без притоа да имаат можност да влијаат ниту владините претставници ниту газдите.

Истовремено, ССМ поосчува дека заедно со УПОЗ преку последните измени на Законот за административни службеници обезбеди основната компонента на плата да биде составена и од минималната плата, а со тоа околу 13.000 работници кои примаат плата според овој закон веднаш ќе добијат линеарно услгласување на нивните плати за износот за кој ќе се зголеми минималната плата односно за 2.107,00 денари, а истото ќе се случи и за околу 40.000 други вработени во јавен сектор чии работодавачи го користат моделот од овој закон за пресметка на платите на вработените.

„Голем дел од синдикатите здружени во ССМ преку веќе потпишаните спогодби и Колективни договори на ниво на работодавач, а некои преку закон, ова право на усогласување на платите го обезбедија и за нивните членови во јавните претпријатија, локалната самоуправа, министерства итн. Синдикатите од приватниот сектор веќе разговараат со работодавачите каде што има синдикат и истите веќе од почеток на наредната година најавуваат зголемување на платите и пред зголемувањето на минималната плата за да ги задржат добрите и квалификувани работници во нивните компании. Синдикалната борба ги дава посакуваните резултати колку тоа и да не им се допаѓа на функционерите и газдите“, додаваат од ССМ.

© Глaголица, glagolica.mk, 2024, Услови за користење