Советникот на Зеленски: Иранските погони за дронови мора да бидат уништени

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак повика на „ликвидација“ на иранските фабрики кои произведуваат беспилотни летала и ракети, како и апсење на нивните добавувачи, бидејќи Киев го обвини Техеран дека планира да и испорача на Русија повеќе оружје.

Подољак на Твитер напиша дека Иран „очигледно ја понижува институцијата меѓународни санкции“, пред да повика на уништување на иранските фабрики за оружје.

Advertisements

Киев го обвини Техеран дека ѝ доставил на Москва 1.700 беспилотни летала камикази „Шахед-136“, кои, според него, биле користени за гаѓање цели во Украина од септември. Иран ги негира обвиненијата.

Шефот на украинската разузнавачка во интервју објавено во петокот рече дека Русија веќе лансирала околу 540 беспилотни летала врз воени и енергетски цели во Украина.