Страшна трагедија: Шест деца скокнале од карпа во море, тројца го загубија животот

Голема трагедија ја потресе Шпанија, откако тројца малолетници ги загубија животите на плажа во близина на Тарагона, во автономната покраина Каталонија.

Несреќата се случила во петокот кога група од шест момчиња скокнала од карпи во морето, иако на плажата било истакнато жолто знаме како предупредување за високи бранови и опасни услови.

Тројца од нив успеале самостојно да се вратат на брегот, додека другите тројца биле извлечени од спасувачките служби.

Едно 12-годишно момче починало на самото место, и покрај обидите за реанимација. Двајца 13-годишници биле пренесени во болница, но подоцна им подлегнале на повредите.

Премиерот на Каталонија, Салвадор Илја, изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите деца.

„Немам зборови во овој момент на огромна болка. Моите мисли и поддршка се со семејствата, пријателите и со целиот спортски клуб Ла Флореста“, напиша тој.

Advertisements

Градските власти на Тарагона прогласија тридневна жалост, а градоначалникот Рубен Вињуалес повторно апелираше граѓаните да не преземаат непотребни ризици и никогаш да не скокаат од карпи во морето кога условите се опасни.