(Видео) Мамо, не гледај телевизија!- „Пуси рајот“ објави спот во кој уринираат на портрет од Путин

Руската група „Пуси рајот“ објави нова песна и спот „Мамо, не гледај телевизија!“. И на крајот од спотот, една од девојките уринира на портрет на рускиот претседател Владимир Путин.

„Многу храбро дело, уметничко дело засновано на факти од животот… Ви благодариме за вашата храброст, мудрост и сочувство“

„Крајот е одличен. Се надевам дека сите заедно можеме да го сториме истото“

„Феминизам на кој му симнувам капа! Ви благодарам девојки!!! Многу кул!“

Ова се само дел од коментарите под видеото чиј рефрен е инспириран од зборовите на заробен руски војник до неговата мајка: „Мамо, тука нема нацисти, не гледај телевизија“.

Девојките од „Пуси Рајот“ Марија Аљохина и Надежда Толоконикова беа осудени на две години затвор за настап во московската катедрала Христос Спасител во февруари 2012 година,а  по една ипол година беа ослободени.