Страшни сведоштва на заробени Американци во незапамтена снежна бура – „Ако останам во автомобил, ќе умрам овде со моите деца“

Бројот на загинати расте како последица на циклонската бомба што ги зафати САД – речиси 200 милиони Американци се обидуваат да избегаат од снежната бура која однесе најмалку 27 животи во првиот бран, 1,5 милиони луѓе останаа без струја, а илјадници авионски летови се откажани.

Медиумите во САД објавуваат потресни сведоштва на нивни сограѓани кои заглавиле во снежното невреме.

Advertisements

Дитјак Илунга од Гајтерсбург, Мериленд, беше на пат да ги посети роднините во Хамилтон, Онтарио, за Божиќ со своите ќерки, но нивниот теренец беше заробен во Бафало.

Тие не можеле да добијат помош и затоа поминале часови во нивното возило со вклучен мотор, за да можат да го одржат греењето. Возилото било зафатено од ветер и за малку ќе било затрупано во снег.

До 4 часот наутро, наредниот ден гориво речиси немаше, па Илунга избра да го напуштат возилото во обид да стигне до засолништето во близина. Тој на грб ја носел својата шестгодишна ќерка, додека таа го носела нивното кученце.

„ Мислев дека ако останам во овој автомобил, ќе умрам овде со моите деца“, изјави Илунга за Асошиетед прес

Тој плачеше кога семејството помина низ вратите до прифатилиштето. „Тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам во мојот живот.

.

Вивијан Робинсон е волонтер кој им помага на луѓето да се засолнат во една црква и сведочи дека многумина плачат од страв и студ.

„Емотивно е само да се види болката кај луѓето штое мислеа дека нема да успеат, а кога ја отворивме црквата тоа им даде чувство на олеснување.

„Оние кои се тука навистина уживаат. Ќе биде различен Божиќ за секого“, изјави Робинсон.

Невремето во САД се протега на површина од 3.200 километри од Тексас до Квебек. Канада, државите Онтарио и Квебек беа изложени на најсилниот удар на невремето, а стотици илјади луѓе останаа без струја.

Во поголемиот дел од земјата, од Британска Колумбија до Њуфаундленд, издадено е предупредување за опасно силно невреме. Националната метеоролошка служба на САД (NWS) соопшти дека мапата од петокот „покажува една од најголемите области погодени од временските непогоди“.

Температурите во Елк паркот во Монтана паднаа на  минус 45 степени Целзиусови, а градот Хел  во Мичиген беше целосно покриен со мраз. Во центарот на градот во петокот беа измерени минус 17 Целзиусови степени. Во Јужна Дакота, некои луѓе палеле облека за да се загреат откако останале без гориво.

Силен снег се предвидува за областа Пенсилванија и Мичиген. Во Бафало и Њујорк се очекуваат и до 90 сантиметри снег. Предупредувањата за снежна бура опфаќаат осум милиони луѓе. Поплави имаше на бреговите на Нова Англија, Њујорк и Њу Џерси. На западниот брег, некои жители се лизгаа по ледените улици на Сиетл и Портланд.

Пријавени се и голем број жртви поради екстремно студеното и опасно време. Снежната бура предизвика многу сообраќајни несреќи, меѓу кои и верижен судир во Охајо во кој учествуваа дури 50 возила и загинаа две лица.

Проблемот во патувањето го потенцира и недостигот на машини за расчистување на снегот, бидејќи ретко кој сака да се занимава со оваа работа поради ниските плати.

Околу 5.600 летови се откажани во петокот, покажуваат податоците на порталот FlightAware, што значи дека илјадници луѓе нема да се вратат дома за празниците. Низ САД, речиси милион корисници останаа без струја, покажуваат податоците на веб-страницата PowerOutage.us.