На социјалните мрежи кружи видео, наводно од општина Зубин Поток на северот на Косово, на кое се слуша најмалку една детонација и рафал од огнено оружје, како што објави локалниот „Зубин Поток Инфо“. Причината се уште не е позната. Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што наведува ТВ Пинк, по повод пукањето во Зубин Поток одржува консултации со премиерката Ана Брнабиќ и со воениот врв на земјата.
Истото се случи и вчера, односно синоќа, кога во оваа општина се слушнаа детонации и рафали, но официјални информации за овој настан немаше.
Како синоќа, така и денеска – не се познати деталите и причината.
View this post on Instagram
Овој настан го објави и локалниот медиум Зубин поток инфо, кој на својот Инстаграм профил објави заматено видео наводно од оваа општина, на кое се слушаат детонации и рафали.
Овој медиум додава дека барикадите во Зубин Поток во моментов се мирни.