Аргентина бара „Франција да престане да плаче“

Повеќе од половина милион луѓе потпишаа онлајн петиција покрената во Аргентина со барање „Франција да престане да плаче“ по поразот во финалето на Светското првенство во Катар.

„Откако победивме, Французите не престанаа да плачат и да се жалат и да не прифаќаат дека Аргентина е светски првак“, рече Валентин Гомез, иницијатор на петицијата „Франција престани да плачеш“, која собра 570.768 потписи на страницата Change.org. .

Advertisements

Судењето на полјакот Симон Марчинијак наиде на критики во Франција, вклучувајќи ја и неговата одлука да досуди пенал за прекршокот на Усман Дембеле врз Анхел Ди Марија во првото полувреме.

Французите се жалеа и поради недостатокот на почитување од одредени аргентински играчи во победата, особено голманот Емилијано Мартинез.

Меѓу нив е и претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Грат, кој му напиша на аргентинскиот колега Клаудио Тапија дека е згрозен од „екцесите“ за време на прославите на гаучосите.