Уапсените во вчерашна акција на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница наводно пред судските органи изјавиле дека парите кои биле најдени во кутии од цигари им биле подметнати.
Порталот А1 он, објави дека биле уапсени еден командир, заменик командир и осумина полицајци а претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот.
Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари, кои наводно биле најдени во кабините на полицајците.
Како што објавивме претходно,граничниот премин Табановце синоќа беше блокиран повеќе од три часа. Според објави на очевидци на социјалните мрежи на граничниот премин имало зголемено присуство на полицијата, а подоцна се дозна дека била во тек голема полициска акција.