Името на синот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е запишано како управител на новорегистрирана фирма за производство на електрична енергија во кичевски Зајас, пишува порталот „Фактор“.
Порталот објавува дека Шкумбин Ахмети од Зајас е одговорното лице на Друштвото за производство, трговија и услуги „Тхеас Енергу ДООЕЛ“. Сопственик на претпријатието кое извршило упис во изминатите денови е друштвото за консалтинг, посредување, проектирање, инжинеринг и услуги „Архитектас Пројоект Студио“ од Зајас.
Познато е дека синот на Ахмети по професија е архитект кој дипломирал на тетовскиот универзитет и дека не покажал никаков интерес за политика.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...
Левица бара кривична одговорност за инспектор кој замижува пред дивоградба среде чаршијата...
„Не сакам да се занимавам со оваа разрушена држава“ - Борисов ја повлече кандидатурата за ...
ЕУ му подари шест еколошки автобуси на ЈСП
ВМРО-ДПМНЕ: „Во СДСМ ништо не е сменето - заменичката на Филипче е продолжена рака на Заев...