(ВИДЕО) Мишел Обама: Не можев да го поднесам Барак 10 години

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама изјави дека „не можела да го поднесе“ својот сопруг цела деценија кога децата биле мали.

Во исповед за „ТВ Револт“ , Обама – една од најпопуларните жени во Америка – рече дека одгледувањето деца го оптеретила нејзиниот тридецениски брак со Барак Обама, американскиот претседател во два четиригодишни мандати почнувајќи од 2009 година, пишува Гардијан.

Advertisements

„Луѓето мислат дека се шегувам кога го кажувам ова – 10 години кога не можев да го поднесам мојот сопруг“, изјави таа.

„И погодете кога се случи тоа? Кога децата беа мали“, додаде таа.

Обама (58) разговараше со Кели Роуланд, H.E.Р., Вини Харлоу и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс-Лосон за нерамнотежата во нејзиниот брак со Барак Обама додека неговата политичка кариера беше во пораст, при што таа првенствено се грижеше за нивните ќерки, Малија и Саша, кои сега се во своите 20-ти години од животот.

Поранешната прва дама моментално ја промовира својата нова книга „Светлината што ја носиме“.

Зборувајќи за потешкотиите во бракот, рече дека таа и нејзиниот сопруг не зборувале за тоа колку работа е потребно и „колку е тешко дури и кога сте лудо заљубени во некоја личност, дури и кога сè оди како што треба“.