Уапсен е измамник, полицијата го барала со потерница

Во 16.20 часот на ул.„Руди Чаевец“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(43) од Прилеп, со живеалиште во Скопје, информира МВР.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.