Рускиот претседател Владимир Путин нареди прекин на огнот на Бадник и Божик поради прославувањето на православниот празник.
„Имајќи го предвид апелот на Неговата Светост патријарх Кирил, му наредувам на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе режим на прекин на огнот долж целата линија на фронтот од 12 часот на 6 јануари до 24 часот на 7 јануари, “, стои во претседателската наредба објавена од прес-службата на Кремљ.
Со оглед на тоа што во областите каде што се водат борбите живеат голем број граѓани од православна вероисповед, ја повикуваме украинската страна да прогласи прекин на огнот, и да им даде можност да присуствуваат на богослужбите на Бадник, како и на денот на Христовото раѓање, се додава.во наредбата.
Претходно денеска, патријархот на Руската православна црква Кирил ги повика „сите страни во меѓусебниот конфликт“ во Украина да се согласат на божиќно примирје, „за православните да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на денот на Христовото раѓање“.
Украина барањето на патријархот Кирил го нарече цинична замка