Уживајте во јануарското сонце и денеска – од понеделник ќе врне дожд, а и снег

Времето денеска претпладне по одделни котлини ќе биде со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје претежно сончево и тивко, наутро со услови за појава на слаба магла.

Во понеделник времето ќе биде претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд, а на планините на запад ќe има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Advertisements

Во вторник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Во попладнените часови, особено во западните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.