(ВИДЕО) Ескалира ситуацијата во Бразил: Поддржувачите на поранешниот претседател упаднаа во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата!

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ги пробиле безбедносните бариери поставени од вооружените сили за да влезат во зградата на Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата Планалто, според снимките прикажани во бразилските медиуми, пренесува Си-Ен-Ен.

На снимката се гледа огромна толпа луѓе како одат по рампата што води до зградата на Конгресот, каде што стигнале до Зелената соба, која се наоѓа пред долниот дом на Конгресот, изјави привремениот претседател на Сенатот, Венециано Витал до Рого за Си-Ен-Ен Бразил.

На снимки од други медиуми се гледа како тие влегуваат во Врховниот суд и во претседателската палата.

Advertisements

Немирите дојдоа околу една недела по инаугурацијата на претседателот Луис Инасио Лула да Силва, чие враќање на власт по 12-годишна пауза доаѓа откако го победи Болсонаро во вториот круг од изборите на 30 октомври.

Поддржувачите на Болсонаро, кој го напушти Бразил и моментално е во САД, оттогаш кампуваат во главниот град на Бразил. Министерот за правда Флавио Дино ги овласти вооружените сили да постават бариери и да ја чуваат зградата на Конгресот во саботата поради континуираното присуство на поддржувачи на Болсонаро.

Претседателот Лула моментално не е во палатата и домот на Конгресот моментално не заседава.