Телевизија „Канал 5“ објави дека пораншениот директор на Царинската управа Драган Даравелски е упасен на граничен премин со Србија и дека наскоро треба да биде однесен во Идризово.
Како дојде до ова апсење на Даравелски, и дали самото негово влегување во Македонија е дел од организирана акција, од МВР за телевизијата кратко изјавиле дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.
Поранешниот директор на Царинската управа, во 2007 година во отсуство беше осуден на казна затвор во траење од седум години.
Тој се товареше дека додека бил директор, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Доцевски беше осуден на казна затвор во траење од четири години и 10 месеци.
Името на Драган Даравелски може да се сретни и на официјалната веб страница на МВР за распишани потерници, односно потери, каде стои дека по него е распишана меѓународна потерница, по наредба на Основен суд Скопје за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 КЗ на РМ.