(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Анима Мунди: Примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност!

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ на својот Фејсбук профил објави видео со вознемирувачка содржина, на кое се гледаат мртви кучиња натоварени во приколка од возило како се транспортираат. „Анима Мунди“ тврди дека станува збор за десетици кучиња кои се убиени со пушка низ улиците на Струга.

„Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга.

Манијак, личност што неможе да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка.

Advertisements

Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга“, се вели во објавата на здружението.

Од „Анима Мунди“ посочуваат дека убиените кучиња се собирани од локална комунална служба, за подоцна да бидат однесени на депонија.

„И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство“, велат од „Анима Мунди“.

Здружението апелира до Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство да ги преземат сите дејства за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за ова масовно убиство!

„Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето“, порачуваат од „Анима Мунди“.