Дванаесетгодишно девојче заврши во притвор во Тулса, Оклахома, откако со нож го избоде својот деветгодишен брат, соопшти полицијата, јави „Си-Ен-Ен“.
Девојчето се наоѓа во затвор за малолетници во Тулса, се наведува во полициското соопштение.
Полициската единица за малолетници го истражува убиството, а властите сè уште не објавиле подетални информации за идентитетот на девојчето и жртвата, пишува Си-ен-ен.
Кога полицајците стигнале на местото на злосторството, медицински лица и пожарникари веќе биле на лице место и работеа на реанимација на деветгодишното дете, пренесува „Си-Ен-Ен“.
„Полицајците дознале дека родителот на децата спиел на спратот, кога 12-годишната ќерка го разбудила и му кажала дека го избодела со нож својот деветгодишен брат“, пишува во соопштението на полицијата.
Детето било „итно превезено во болница и подложено на реанимација, меѓутоа им подлегнало на повредите“.