Во времето на Груевски ги бранеше боите на ВМРО-ДПМНЕ – која е Даниела Стојановска Пановска новата пратеничка на СДСМ?

Даниела  Стојановска – Пановска е новата пратеничка на СДСМ во Собранието која доаѓа на местото на досегашниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ кој заминува на нова работна позиција амбасадор на Македонија во Црна Гора.

Даниела Стојановска – Пановска е професорка по хемија и поранешна членка на ВМРО – ДПМНЕ. Името на новата пратеничка може да се најде и меѓу 560 делегати, кои учествувале на 15 партиски конгрес на ВМРО – ДПМНЕ  во Куманово во 2015 година, кога Груевски беше реизбран за партиски лидер. А, подоцна нејзиното име се споменуваше и како делегат на конресот кога за лидер на ВМРО-ДПМНЕ беше избран сегашниот претседател Христијан Мицкоски.

Познато е дека и новиот македонски амбасадор во Црна Гора беше член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Рамчиловиќ стана пратеник во актуелниот парламентарен состав како кандидат од третата изборна единица на СДСМ и коалицијата на парламентарните избори во 2020 година. На парламентарните избори во 2016 година, беше избран за пратеник од АВАЗ во Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Инаку, Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го констатираше мандатот на новата пратеничка. Поторетседателот на Комисијата, Дитмире Шеху информира дека Стојановска – Пановска во предвидениот рок ја известила ДИК дека го прифаќа пратеничкиот мандат и дека  ДИК издала уверение за избраната пратеничка.

Претседателот на собраниската Комисија, Панчо Минов му се заблагодари на Зеќир Рамчиловиќ за досегашната работа како пратеник во Собранието, а на новата пратеничка ѝ посака успешна работа.