Уште една трагедија ја вознемири Македонија – син го убил својот татко

Кумановец на возраст од 40 години со нож го нападнал својот татко (65), кој им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.

– Полициските службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите, информираа денеска од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisements